• понеделник, 23 декември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова го прими словачкиот амбасадор, Хенрик Маркуш

Претседателката Сиљановска Давкова го прими словачкиот амбасадор, Хенрик Маркуш

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) -  Билатералните односи и можностите за унапредување на соработката во различни области од заемен интерес меѓу двете земји, била тема на денешната средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш.

Претседателката Сиљановска Давкова, како што соопшти нејзиниот Кабинет, истакнала дека билатералните односи се карактеризираат со пријателство и разбирање оценувајќи дека меѓу двете земји постојат силни културни врски поради наследството на светите браќа Кирил и Методиј.

Нагласувајќи дека годинава се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Словачка, претседателката Сиљановска Давкова се заблагодарила за принципиелната поддршка од Словачка и од Вишеградската група како традиционален поддржувач на македонските евроинтеграции и посветен партнер во НАТО.

Во насока на продлабочување на соработката во области од заемен интерес, претседателката истакнала дека е видлив растот на трговската размена за којашто постои можност во наредниот период да постигне поголеми резултати со заеднички ангажман од двете страни. Таа нагласила дека од особен интерес е и интензивирањето на билатералниот политички дијалог. дма/лв/

фото: Кабинет на претседателот на Репиблика Северна Македонија

 

Остани поврзан