• вторник, 05 ноември 2024

Претседателката на Судскиот совет Црвенковска се сретна со холандскиот амбасадор Коп

Претседателката на Судскиот совет Црвенковска се сретна со холандскиот амбасадор Коп
Скопје, 18 март 2022 (МИА) - Претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска оствари работенсостанок со амбасадорот на Кралството Холандија во земјава Дирк Јан Коп. На средбата, како што соопшти Судскиот совет, беше истакнато дека холандската влада ќе продолжи со поддршка на проекти посветени на реформите во судството кои, според соговорниците, веќе даваат резултати.Амбасадорот Коп нагласи дека назначувањето и разрешувањето на судиите треба да се одвива на транспарентен и фер начин, врз основа на заслуги и во целосна согласност со законите, со што ќе се отстранат сомнежите за какви било влијанија врз носењето на одлуките, а ќе се пополнат и испразнетите судиски места. мд/дма/

Остани поврзан