• недела, 22 декември 2024

Претседателката на Перу побара од Парламентот општите предвремени избори да ги закаже за крајот на годинава

Претседателката на Перу побара од Парламентот општите предвремени избори да ги закаже за крајот на годинава

Лима, 27 јануари 2023 (МИА) - Претседателката на Перу Дина Болуарте денеска побара од Парламентот да ги закаже општите избори во декември 2023 година со цел да се смири кризата во земјата. Изборите планирани за 2026 година веќе беа поместени за април 2024 година.

- Поднесувам предлог-закон на разгледување кај министрите за да се одржат предвремени избори во декември 2023 година, изјави Дина Болуарте.

Перуанската претседателка Дина Болуарте неодамна повика на „национално примирје“ додека не стивнат протестите во земјата во кои загинаа 46 лица.

Демонстрантите бараат нејзина оставка, распуштање на парламентот и итно одржување на избори.

Дина Болуарте, поранешна потпретседателка, на 7 декември го замени Педро Кастиљо, кој беше соборен од претседателската функција и обвинет за бунт поради обидот да го распушти парламентот.

Перу смени шест претседатели за шест години. ссм/

Остани поврзан