• недела, 22 декември 2024

Претседателката на Молдавија го разреши министерот за енергетика Виктор Парликов

Претседателката на Молдавија го разреши министерот за енергетика Виктор Парликов

Кишињев, 6 декември 2024 (МИА) – Молдавската претседателка Маја Санду синоќа го разреши министерот за енергетика Виктор Парликов, а премиерот повика уште двајца високи функционери во областа на енергетиката да поднесат оставки поради неуспехот да се справат со енергетската криза во земјата.

Премиерот Дорин Речан, исто така, рече дека ќе побара од парламентот да воведе вонредна состојба во енергетскиот сектор.

Украина повеќе пати повтори дека нема да го продолжи договорот за транзит на гас со Русија откако ќе истече на 31 декември, што го зголемува ризикот од прекин на рускиот гас за неколку источноевропски земји, вклучително и Молдавија.

Сепаратистичкиот регион Придњестровје во Молдавија, поддржан од Москва, е особено зависен од рускиот гас.

- Оставките се првата фаза на корекција на кризната состојба. Имав целосна доверба во министерот Парликов. Но, тој не обезбеди набавка на гас, рече Речан на прес-конференција.

Парликов, кој минатата недела разговараше за снабдувањето со гас во Русија со шефот на гасниот гигант Гаспром, рече дека знаел дека неговата функција е привремена и дека го води министерството „додека му се гласа доверба“. јт/

Фото: Х

Остани поврзан