• четврток, 21 ноември 2024

Претрес во Средно Коњари, пронајдено оружје, приведено едно лице

Претрес во Средно Коњари, пронајдено оружје, приведено едно лице

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера попладнето го лишиле од слобода С.К.(31) од село Средно Коњари, скопско.

Како што информира денеска МВР, при претрес во неговото патничко возило „бмв“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени автоматска пушка, пиштол „Чешка зброевка“, еден карабин со оптички нишан и куршуми.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. сст/са/  

фото МИА архива

Остани поврзан