• понеделник, 24 јуни 2024

Претрес во скопски Центар, приведен дилер, пронајден кокаин

Претрес во скопски Центар, приведен дилер, пронајден кокаин

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија вчера го лишија од слобода М.Н.(58) од Скопје.

- По претходно преземени мерки и активности и добиена судска наредба беше извршен претрес во дом и дополнителни два објекта кај М.Н., на подрачјето на Центар, при што е пронајден кокаин, подготвен за улична продажба и три дигитални ваги, информираа денеска од МВР.

Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан