• понеделник, 06 мај 2024

Претрес во Куманово, приведен осомничен дилер

Претрес во Куманово, приведен осомничен дилер

Скопје, 8 март 2024 (МИА) - Синоќа во 21.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(46) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени прашкаста и грутчеста материја и дигитална вага.

Како што информираат денеска од МВР, С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. сст/са/

фото МИА архива

Остани поврзан