Претрес во Куманово, кај двајца пронајдена дрога
- Полициски службеници од Куманово, синоќа, во 23.00 часот, ги лишиле од слобода кумановците А.Н.(31) и Н.А.(36) откако кај нив пронашле дрога.
![Претрес во Куманово, кај двајца пронајдена дрога](https://new.mia.mk/images/20240223130701_big_730x400_99.webp )
Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - Полициски службеници од Куманово, синоќа, во 23.00 часот, ги лишиле од слобода кумановците А.Н.(31) и Н.А.(36) откако кај нив пронашле дрога.
- При преглед кај нив бил пронајден кокаин, а подоцна при претрес во домот на Н.А.(36), извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин, шест дигитални ваги и повеќе куршуми, информираат од МВР.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави. ир/ев/
Фото: МИА архива