• четврток, 11 јули 2024

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведен дилер

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведен дилер

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар и од Полициското одделение Чегране, денеска во 10:25 часот го лишиле од слобода А.Н.(54) од село Чајле.

-При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, пронајдени се марихуана и хашиш, спакувани за понатамошна продажба. По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР. дма/

Фото: МВР 

Остани поврзан