• сабота, 16 ноември 2024

Претреси во КПУ Идризово, пронајдени поголема сума пари, мобилни телефони, таблет.... и недозволени предмети

Претреси во КПУ Идризово, пронајдени поголема сума пари, мобилни телефони, таблет.... и недозволени предмети

Скопје, 20 февруари 2023 (МИА) - Во извршени претреси во Казнено-поправната установа Идризово Скопје во вкупно 14 ќелии и две соби во казнено-поправната установа, пронајдени се: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни апоени и валути, таблет, 11 мобилни телефони, повеќе парчиња галантерија за мобилни телефони, неколку остри предмети, прашкаста материја, која била одземена.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции - ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, информираа денеска од МВР, спровеле координирана полициска акција во „Идризово“, во насока на превентивно делување, како и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.

- Како резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка, извршени се претреси во КПУ Идризово, сѐ со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, се наведува во соопштението од МВР.

Останатите пронајдени предмети за време на претресот, како резултат на постапувањето по наредби за претрес, издадени од судија за претходна постапка, ќе бидат предадени на затворска служба за понатамошна постапка. цр/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан