Претресена Канцеларијата на градоначалникот на Авр и поранешен француски премиер Едуард Филип
- Претресот беше извршен како „дел од прелиминарната истрага што беше покрената во декември 2023 година поради наводи за незаконско тргување со влијание, фаворизирање, проневера на јавни средства и психичко вознемирување“, изјави неименуваниот извор, без конкретно да го именува Филип
Париз, 3 април 2024 (МИА) - Француската полиција денеска изврши претрес во Канцеларијата на градоначалникот на Авр и поранешен француски премиер Едуар Филип, како дел од прелиминарната истрага за можна корупција и финансиски криминал, соопшти денеска судски извор.
Британските медиуми пренесуваат дека Филип се смета за потенцијален кандидат за наследник на Емануел Макрон на претседателските избори во Франција во 2027 година.
Претресот беше извршен како „дел од прелиминарната истрага што беше покрената во декември 2023 година поради наводи за незаконско тргување со влијание, фаворизирање, проневера на јавни средства и психичко вознемирување“, изјави неименуваниот извор, без конкретно да го именува Филип.
Францускиот весник „Монд“ претходно објави дека истрагата била директно насочена кон Филип, но и кон некои негови соработници.
Според кабинетот на градоначалникот на Авр, Филип соработува со надлежните откако финансиските обвинители извршиле претрес.
„Градоначалникот, неговите службеници и општинската служба на Авр се целосно и мирно достапни на обвинителот за до последен детаљ да му ги предадат сите елементи неопходни за истрагата“, се наведува во соопштението на градското собрание на Авр, крајбрежен град на северот на Франција. сд/
фото:МИА архива