• понеделник, 23 декември 2024

Претпладнево во пет колони се влегуваше во Грција преку преминот Богородица

Претпладнево во пет колони се влегуваше во Грција преку преминот Богородица

Гевгелија, 1 мај 2024 (МИА) - Од утринските часови, па се до пладне, преку граничниот премин Богородица во Грција се влегуваше во пет колони, а зголемена фреквенција на возила и патници е забележана и на преминот Дојран-Дојрани.

Според началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев, фреквенцијата драстично е намалено околу 12 часот, до кога најголем број патници и возила заминале од државата.

Како што информираше тој, зголемената фреквенција на премините кон Грција е очекувана, а македонските погранични служби работат со полн капацитет.

Според информациите од АМСМ се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, каде времето на чекање за влез во државава е околу 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.рт/дма/

Фото: принт скрин ЈПДП

Остани поврзан