• недела, 22 декември 2024

Претежно облачно, претпладне со повремен локален дожд и засилен северен ветер

Претежно облачно, претпладне со повремен локален дожд и засилен северен ветер
Скопје, 16 октомври 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде претежно облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 10 степени. Од недела следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури.

Остани поврзан