• петок, 22 ноември 2024

Премиерот назначен од хунтата во Нигер верува дека во рок од неколку дена неговата земја ќе постигне разбирање со ЕКОВАС

Премиерот назначен од хунтата во Нигер верува дека во рок од неколку дена неговата земја ќе постигне разбирање со ЕКОВАС

Нијамеј, 4 септември 2023 (МИА) - Премиерот назначен од воената хунта која изврши државен удар во Нигер, увери дека за неколку дена неговата земја ќе постигне разбирање со Западноафриканската економска заедница (ЕКОВАС), пренесоа француските медиуми.

-Не ја прекинавме комуникацијата со ЕКОВАС. Се надеваме дека ќе постигнеме разбирање со неа во рок од неколку дена, истакна Али Махаман Ламин Зеин на прес-конференција во Нијамеј.

Од државниот удар во Нигер на 26 јули, ЕКОВАС одржува конзистентен став против хунтата, барајќи враќање на уставниот поредок и ослободување и враќање на соборениот претседател Мохамед Базум.

Организацијата, исто така, се закани со воена интервенција и воведе сериозни економски санкции за Нигер.

-Во секој момент очекуваме да бидеме нападнати. Сите мерки против тоа се преземени. Тоа би била неправедна војна. Ние сме решени да се браниме доколку има напад, нагласи премиерот Зеин. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан