• понеделник, 25 ноември 2024

Премиерот верува дека ќе се изнајде решение со Бугарија, вели треба двете страни да излезат победници

Премиерот верува дека ќе се изнајде решение со Бугарија, вели треба двете страни да излезат победници
Скопје, 10 септември 2020 (МИА) - Верувам дека ќе најдеме решение со Бугарија, треба двете страни да излеземе победници. Историјата е важна, но таа треба да биде појдовна основа за иднината, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во гостувањето на Националната телевизија. -Покажавме дека имаме капацитет за решавање на прашањата. Решивме три поглавја, пет историски личности наназад, шестата историска личност Гоце Делчев. Дали е Заев и Борисов дали е било кој понатаму, ако едната страна добива само нема иднина. Решенијата ги најдовме за крупните прашања. Имаме архиви, ќе седнеме ќе ги извадиме транспарентно и јавно. Важна е историјата, но треба да биде појдовна основа за иднината. Ќе најдеме решение. Треба да излеземе двете страни победници, рече Заев. Изрази уверување дека во периодот што претстои брзо ќе се изнајде решение со Бугарија. -Испраќам порака спрема соседна Бугарија дека сме спремни да влеземе и преку прашањето за Гоце Делчев. Ако ние останеме повредени, тоа не е пријателство. Верувам ќе најдеме со пријателска Република Бугарија решение, подвлече Заев. На прашањето дали е во комуникација со бугарскиот премиер Бојко Борисов за оваа тема, Заев вели дека се слуша со него, но не разговарале за оваа тема. -Ние треба да го помогнеме целиот процес. И во Бугарија има амбиент како што има во Северна Македонија. Ние ако сме паметни, ќе ги наоѓаме решенијата. Ова е билатерално прашање и не може да биде прашање за во Европската Унија. Не може тоа да биде дел од преговорите. Мора да водам грижа за Бугарија, а Бугарија за мене. Со Борисов се слушам, ми честита, не сме разговарале на таа тема, незгодно е да се отвори прашањето кога има таму протести. Ние чекаме кога тие ќе бидат подготвени да зборуваме. Верувам дека во брзо време ќе влеземе и верувам во успешност на разговорите каде двете страни добиваат, истакна Заев. Прашан дали можеме да прифатиме дека Гоце Делчев бил Бугарин се со цел да влеземе во ЕУ, Заев вели дека не треба да дозволиме да има блокади. -Треба со пријателите пријателски и верувам дека ќе изнајдеме решение. Со тоа што вие го кажавте Бугарија добива. Треба двете страни да бидат среќни. Не да биде поразена Бугарија, ниту Северна Македонија, и Македонците кои зборуваат македонски јазик. Немаат проблем со оваа работа. Нема дилеми, зборуваат многу често за македонскиот јазик. Пријатели сме ќе најдеме решение, рече Заев. На новинарско прашање што сепак ако не се дојде до договор со Бугарија, Заев изрази уверување оти ќе има договор. -Ова е полесно прашање од прашањето што го имавме со името со Грција. Верувам дека за се постои решение во кое двете страни ќе бидат среќни, одговори премиерот. За Красимир Каракачанов, вели, го почитува. - Јас го почитувам и министерот Каракачанов, се е океј, тој доаѓа често во Македонија, сфаќам различни ставови, но обврска имаме сите да ги помогнеме овие процеси, изјави премиерот. -Верувајте дека Бугарија во секоја своја изјава кажува дека ја поддржува Северна Македонија во своите интеграции, јас лично сум бил сведок како се води борба во објаснување пред другите лидери дека треба да с едонсе одлука за поток на преговорите. Деке се прави се. Од дискусиите што овие денови ги има во Брисел по комисиите се разговара дека проблемот е отворен, но нема блокади и не треба да има блокади. И ние не треба да дозволиме да има блокади, заради тоа што само така е испрвно. Треба со пријатели пријателски. Јас верувм дека ќе изнајдеме решение, рече Заев. Повтори дека треба двете страни да бидат среќни и мудри во изнаоѓање решение, кое, како што рече, „не погодува душите ниту на Бугарите , ниту на Македонците, туку напротв ќе ги прави горди“. -Го имам Гоце Делчев во Струмица толкав развиорен, а бев и на споменикот на Гоце Делчев во Благоевград. Има град во Бугарија кој се вика Гоце Делчев, имаме ние Делчево. Треба да бидеме свесни за оваа работа. Сите. Што, ќе им кажеме сега дека Македонија ќе го избрише тоа, не е наше или Бугариј ќе го избрише, не е нивно? Дај да видиме како тоа не спојува, рече Заев. нд/        

Остани поврзан