• вторник, 05 ноември 2024

Премиерна изведба на претставата ,,Женска гардероба“ во Театар Комедија

Премиерна изведба на претставата ,,Женска гардероба“ во Театар Комедија
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Во Театар Комедија вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Женска гардероба“ во режија на Наташа Поплавска, по текст на современиот чешки автор Арношт Голдфлам. - Станува збор за пиеса која ни ги раскажува приказните на четири актерки на различна возраст, кои сакаат различни нешта, но она што ги спојува и ги врзува е нивната заедничка гардероба зад сцената, и театарот воопшто, со сета негова магија и страст, информираат од Театар Комедија. Улогите ги играат актерите Жаклина Стевковска, Жаклина Петровска Милјановска, Ева Скендеровска, Тања Мицков и Тони Денковски. Автор на музиката за претставата е Ристо Вртев, костимографијата е на Ивана Каранфиловска Угуровска, сценограф е Војдан Запров, а дизајнер на светло Милчо Александров. Асистент на режија е Иван Вртев, а драматург е Благица Секуловска. Комедијара е во продукција на Театар Комедија, Амбасада на Република Чешка, МА2К Invest S.P.O. и SOR Libhavy OOD. Првата реприза на претставата е на 28 октомври, а следна изведба на „Женска гардероба“ е на 1 ноември.фф/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан