• понеделник, 23 декември 2024

Премиерлигашите ќе гласаат за воведување ограничување на платите

Премиерлигашите ќе гласаат за воведување ограничување на платите

Лондон, 29 април 2024 (МИА) - Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Sky Sports“.

Границата нема да биде колку клубовите можат да платат кој било играч, туку колку клубот може да потроши вкупно на тимот во однос на платите, трансферите и агенциските такси.

Една опција за лимит би била 4,5 пати поголема од приходите на клубот кој е на последното место во лигата. Доколку таа граница би се одредила според сегашниот пласман, ќе изнесува 466 милиони фунти. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан