• четврток, 28 март 2024

Премиера на претставата „Самоубиство во самоодбрана“ во Делчево

Премиера на претставата „Самоубиство во самоодбрана“ во Делчево

Делчево, 27 мај 2023 (МИА) - Во организација на НУ Центар за култура „Никола Јонков - Вапцаров" вечерва во Делчево премиерно прикажана театарската претставата „Самоубиство во самоодбрана".Театарската претстава е во изведба на театар „Отпишани“ со која имаат освоено пет интернационални награди низ Балканот. Работена според истоимениот драмски текст на Марјан Анѓеловски, делчевчани имаа прилика да ја видат претставата која всушност е драма која зборува за животот, човештвото, љубовта и стравовите. 

- Ова  ни е веќе 13 претстава, режисери сме јас и Александар Јовановски, имаме доста меѓународни награди со „Самоубиство во самоодбрана“ која е повеќеслојна претстава и под површината крие силни пораки и критики и кон општеството и кон поединецот, како негова основна единка и секојдневните проблеми што ги носи современото живеење, истакна Анѓеловски.

Претставата како што истакна Кристијан Трајановски, соработник за фолклорна и сценско -уметничка дејност при НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ се одржа како дел од чествувањата на патроните на градот Св.Кирил и Методиј.

-По тој повод имавме низа настани, одржавме промоција на делото Лондонски катрени, потоа имавме концерт на труба и пијано, а еве вечерва чествувањето го заокружуваме со театарската претстава која премиерно се прикажува во Делчево, рече Трајановски.

Претставата „Самоубиство во самоодбрана“ е поддржана од Министерството за култура, како проект од национален интерес од областа на драмската дејност за 2021 година. вс/аа/

Фото: МИА

 

Остани поврзан