• петок, 22 ноември 2024

Преку Тик-ток предизвик му кажа дека е бремена, па го расплака (линк)

Преку Тик-ток предизвик му кажа дека е бремена, па го расплака (линк)
Лос Анџелес, 23 септември 2020 (МИА) - Американка преку Тик-ток предизвикот „Две вистини и една лага“ го расплака својот сопруг и, тоа стана хит на интернет. Концептот на играта е во тоа што личноста која снима, ѝ кажува две вистини и една лага на „жртвата“, а таа, или во случајов - тој треба да ја погоди лагата. Така, предизвикувачката рече: - Под број 1. Отсекогаш сакав да станам глумица. Бр. 2. Хаските ми се омилени кучиња. И, бр. 3. Јас сум бремена. Испадна дека хаските не ѝ се омилени кучиња, но сопругот го знаеше тоа... Нему му требаа само две-три секунди да сфати дека е бремена. си/сд/

Остани поврзан