• недела, 22 декември 2024

Преку „Систем 48“ лани решени 750 проблеми на граѓаните на Струмица

Преку „Систем 48“ лани решени 750 проблеми на граѓаните на Струмица

Струмица, 10 јануари 2024 (МИА) - Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ лани биле решени 750 проблеми од вкупно пријавените 814 од страна на граѓаните.

Според информацијата од овој сервис, за останатите 64 е потребно повеќе време од 48 часови и истите биле проследени до надлежните служби.

Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ биле од областа на уличното осветлување - 582, собирање смет-78, водовод и канализација-68, паркови и зеленило - 46, општински инспекциски служби - 14 и 26 за улици, патишта и тротоари.

Во информацијата се додава дека целта на општинскиот сервис „Систем 48“ е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди Општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми.

Од „Систем 48“ им благодарат на граѓаните за користењето на нивните услуги и истовремено апелираат да продолжат и понатаму да го користат бесплатниот телефонски број 080014848 за пријавување на проблемите со коишто се соочуваат, а кои се во надлежност на Општината,јавните претпријатија и институции. рт/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан