• петок, 22 ноември 2024

Преку проект „Социјално домување во Чашка“ десет жители на Чашка добија сертификати за стручни градежни работници

Преку проект „Социјално домување во Чашка“ десет жители на Чашка  добија сертификати за стручни  градежни работници

Велес, 1 октомври 2024 (МИА) - Десет жители на Чашка успешно завршија сертифицирана обука за градежни работници во рамките на проектот „Социјално домување во Чашка“, финансиран од фондацијата „Сент Гобен“ и Хабитат Македонија.

Идните градежни работници се вклучија и во кампањата на Хабитат Македонија и HFHI „Домот е еднаквост“ со пораки за значењето и поддршката на пристоен дом за сите граѓани. Тие со волонтерска работа придонесоа во реконструкцијата на два објекти за социјално домување во Чашка, информираат од Општина Чашка.

Сертифицираните градежни работници ги обучуваа предавачи од ОГУ „Ванчо Прке“ од Штип. Обуката има за цел да им помогне во иднина да се вработат како стручни градежни работници според потребите на пазарот на труд. ад/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан