• понеделник, 23 декември 2024

Преку Програмата за развој во заедницата до енергетски ефикасно средно училиште во Берово

Преку Програмата за развој во заедницата до енергетски ефикасно средно училиште во Берово

Берово, 16 август 2024 (МИА) - Во Берово денеска е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Мрежата за рурален  развој на Северна Македонија, со партнерот ЛАГ Малеш Пијанец,  Општинското Средно Училиште ,,Ацо Русковски” и Општина Берово. 

Целта на склучување на овој меморандум за соработка е реализација на активности од Програмата за развој во заедницата, финансиран од Агенцијата на САД, за меѓународен развој USAID,  а инплементиран од  Мрежата за рурален  развој на Северна Македонија .

-Потпишаниот меморандум, претставува темел за соработка помеѓу засегнатите страни, а целта на проектот е подобрена изолација и енергетска ефикасност на зградата на ОСУ ,,Ацо Русковски” , преку промена на старите прозорци и врати и намалување на режиските трошоци. Особено значајно, во реализацијата на овој проект е заштитата на животната средина и намалување на емисиите на јаглероден диоксид, подигање на еколошката свест и енергетската ефикасност во општината и регионот, беше истакнато по потпишувањето на Меморандумот.

Придобивки од овој проект како што додадоа од Општина Берово ќе има целата локална заедница, пред се учениците кои ќе добијат подобрени услови за престој и учење, подобар комфор, едукација, долгорочни финансиски заштеди и позитивно влијание во заедницата, со примена и на други објекти од јавен карактер. 

-Благодарност до сите партнери, кои несебично се вклучија во проектот и ќе дадат свој придонес во реализацијата на активностите по проектот, а тоа се Синотип, Трено Комерц, Хотел Манастир, БИ ГРУП – 18, Алфа Профил, Полотекс, ДАЕЛ транс, МРС ЗМС, Дентал Естетика ПЗУ, Малеш нет и Здружение на граѓани ,,Владимерски илинденски средби".
Благодарност и до USAID, Мрежата за рурален развој, Лагот Малеш Пијанец,  што ни овозможија да ги користиме мерките од Програмта за развој во заедницата, додадоа од Општината

Вкупниот предвиден Буџет на пректот е 3.634.000,00 денари, а предвидено е активностите да бидат реализирани во наредните четири месеци. вс/дма/


Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан