• вторник, 17 декември 2024

Преку донација од општина Крањ, до подобар систем за противпожарна заштита во Берово

Преку донација од општина Крањ, до подобар систем за противпожарна заштита во Берово

Берово, 16 декември 2024 (МИА) - Територијалната противпожарна единица од Берово доби донација од општина Крањ, Словенија, која ќе биде наменета за подобрување на системот за противпожарна заштита во Берово. За таа цел делегација од Општина Берово, заедно со градоначалникот Звонко Пекевски престојува во Крањ, каде што ја примија донацијата.

-Донацијата се состои од возило за противпожарна заштита, што ќе биде од големо значење, во борбата со справување со пожарите. Новото противпожарно возило, е од исклучителна важност, не само за опременоста на беровската територијална противпожарна единица, туку и за безбедноста на граѓаните во урбаните и руралните подрачја и за заштитата на животната средина, истакна Пекевски. 

Тој упати благодарност за донацијата до  Противпожарното друштво од Бритоф во Општина Крањ. 

-Исто така благодарност до семејството Газинковски од Крањ, кои помогнаа оваа донацијата да биде дадена во корист на жителите на Општина Берово, додаде Пекевски.

Општина Берово има добра соработка со противпожарните друштва од Словенија, а од Општината најавија дека таквата соработка ќе продолжи и во иднина. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан