• вторник, 19 ноември 2024

Прекин во водоснабдувањето утре во Пехчево

Прекин во водоснабдувањето утре во Пехчево

Пехчево, 19 септември 2023 (МИА) - Водоснабдувањето во Пехчево утре ќе биде во прекин поради изведување работни задачи на резервоарите за вода, информираа од пехчевското комунално претпријатие. 

Прекинот ќе биде од 7 до 15 часот.

-Ги известуваме жителите на Пехчево дека среда(20.09.2023) ќе се врши перење и перхлорирање на резервоарите во Пехчево. Поради изведувањето на работните задачи, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 7-15часот, информираа од ЈКП „Комуналец" Пехчево.

Апелираа по завршувањето на рсботните задачи водата да не се користи за пиење во наредните неколку часа. вс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан