• вторник, 05 ноември 2024

Прекинува да се издава дневното издание на историскиот левичарски грчки весник „Авги“

Прекинува да се издава дневното издание на историскиот левичарски грчки весник „Авги“

Атина, 26 јуни 2024 (МИА) – „Левица без глас“ е симболичната насловна страница на историскиот левичарски грчки весник „Авги“, откако вчера, на вработените им било соопштено дека дневното издание повеќе нема да се издава, ненадејна одлука донесена од партијата СИРИЗА што воедно е издавач на весникот, јави дописничката на МИА од Атина.

Вработените денеска одржуваат 24 часовен штрајк, додека пак единствено ќе продолжи да излегува неделното издание на весникот.

На денешната насловна страница вработените потсетуваат дека станува збор за весник што се издава од 1952 година и се затвора по 19.180 континуирани денови во трафиките, со исклучок на периодот на диктатурата.

- Единствениот период кога се случи истото беше познатиот период за време на Хунтата, пишува на насловната страница. ср/

Остани поврзан