• понеделник, 23 декември 2024

Презентација на студија за услугите и негата на постарите лица и лицата со попреченост за време на пандемијата

Презентација на студија за услугите и негата на постарите лица и лицата со попреченост за време на пандемијата

Скопје, 19 април 2023 (МИА) - Студија „Пристап до услуги за долготрајна нега во Северна Македонија“ во рамки на Проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ денеска ќе биде претставена во просториите на Црвениот крст.

Како што најавија од Црвениот крст, освен генералниот секретар Саит Саити, обраќање ќе имаат и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и министерот за здравство Фатмир Меџити.

Проектот е поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Црвен крст на Австрија, координиран е од Црвениот крст на Србија, а партнери во Северна Македонија се Црвениот крст на Република Северна Македонија и Здружението Хуманост.

Според спроведеното истражување, како што информираат од Црвениот крст, од опфатениот примерок на лица на возраст од 65 и повеќе години во земјава, 25,6 проценти имале потреба од долготрајна нега поради големи потешкотии во функционирањето, додека помеѓу лицата со попреченост на возраст од 18 до 64 години, дури 64 проценти се лица на кои им е потребна долготрајна нега поради големи потешкотии во извршувањето на секојдневните животни активности. 

- Оваа студија е подготвена по иста методологија и со слични примероци во Западен Балкан и претставува една од првите значајни напори да се направи увид во потребите и пристапот на услугите за долготрајна нега кои, имајќи го предвид забрзаното демографско стареење  во регионот,  ќе бидат се повеќе потребни, на се поголем број луѓе, соопшти Црвен крст. сх/хс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан