• сабота, 21 декември 2024

Презентација на резултатите од инфраструктурната поддршка во Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“ во Берово 

Презентација на резултатите од инфраструктурната поддршка во Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“ во Берово 

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Министерството за локална самоуправа денеска со почеток во 12 часот во Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“ во Берово ќе ги презентира резултатите од инфраструктурната поддршка насочена кон подобрување на условите за престој во домот.

Како што соопштуваат од МЛС, на настанот ќе присуствуваат министерот за локална самоуправа, Златко Перински, градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, директорката на Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“, Живка Бојчовска Калемендовска, амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, директорката на Центарот за развој на Источен плански регион, Зујица Ангелова и градоначалниците од Источниот плански регион.

Проектот е дел од иницијативата „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.ар/ев/

Фото:МИА архива 

Остани поврзан