Презентација на нов информациски систем за управување со човечки ресурси
- Денеска во организација на Министерството за јавна администрација ќе се одржи презентација на новиот модерен информационен систем за управување со човечки ресурси „Модерен ИСУЧР – Паметно управување со човечки ресурси во јавната администрација“, на која ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.
Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Министерството за јавна администрација денеска организира презентација на нов модерен информациски систем за управување со човечки ресурси „Модерен ИСУЧР – Паметно управување со човечки ресурси во јавната администрација“.
На презентацијата ќе присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски и министерите за јавна администрација Горан Минчев и за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
Целта на новиот информациски систем е да ја унапреди ефикасноста во управувањето со човечките ресурси, а со тоа и квалитетот на работата на институциите во јавниот сектор. свс/лв/
Фото: Принтскрин