• сабота, 23 ноември 2024

Презентација на Нацрт правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материјали 

Презентација на Нацрт правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материјали 

Скопје, 12 април 2024 (МИА) - Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери денеска ќе биде презентиран Нацрт-правилникот за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, соопштија од Сојузот на стопански комори на Македонија. 

- Комората на овластени архитекти и овластени инженери, ја организира презентацијата со цел да ја запознае јавноста која работи во областа на заштита од пожари, од една страна инженерите – проектанти, надзори, изведувачи, ревиденти, а од друга страна претставниците на органите надлежни за спроведување и контрола на законската регулатива од оваа и сродните области. По оваа презентација, во нареден период планирани се соодветни анкети, работилници и трибини за негова разработка, се наведува во соопштението.

Во текот на 2022 и 2023 година Комората со поддршка од Дирекцијата за заштита и спасување проактивно работела на изработка на текст за Нацрт-правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи.  Нацрт-правилникот, се додава меѓу другото, е во тек со европските прописи за предметната проблематика, но истовремено е адаптиран на локалните услови. цр/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан