• сабота, 23 ноември 2024

Презентација на истражување за реформи во јавната администрација

Презентација на истражување за реформи во јавната администрација

Скопје, 11 мај 2022 (МИА) - Во организација на Фондацијата „Метаморфозис“ денеска ќе се одржи презентација и дебата за извештајот поврзан со следење на процесот на евроинтеграции – Реформи во јавната администрација.

Дебатата на тема  „Администрирањето со администрацијата, клучен предуслов за реформите“ ќе се одржи на онлајн на платформата Зум. 

Говорници на настанот ќе бидат авторот на извештајот Теофил Блажевски, менаџерот на програми „Општествена отчетност и човекови права онлајн“ Мила Јосифовска Даниловска, вонредниот професор на Правниот факултет - Јустинијан Први при УКИМ, Драган Гоцевски, вишиот истражувач при Институтот за европски политики, Јулијана Караи и доцентката на Универзитет Американ колеџ и самостојна истражувачка, Ирена Бојаџиевска.

Документот е резултaт на истражување спроведено во рамките на проектот „Промовирање на отчетноста и транспарентноста на јавните реформи“кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ од Скопје, со поддршка на Националната фондација за демократија од САД. фф/дма/

Остани поврзан