• недела, 06 октомври 2024

Презентација на истражувања за физичка активност на работно место

Презентација на истражувања за физичка активност на работно место
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) - „Унапредување на физичката активност на работно место“ е тема на настанот што ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници, во заедничка соработка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ - Скопје и Институтот за медицина на труд - Колаборативен центар на СЗО, со поддршка од Канцеларијата во Скопје на Светската здравствена организација (СЗО). Целта на настанот е да се презентираат досегашните активности со осврт на истражувачки податоци, добри практики и национален напредок во однос на политиките за унапредување на физичката активност на национално ниво. Ќе се презентираат и подготвените препораки до работодавачите и креаторите на политики во однос на усвојување на иницијативи за активни работни места, како и да се дискутира за понатамошна соработка и имплементација на препораките од експертската групa. Поздравни обраќања на настанот ќе имаат д-р Ане Јохансен, шеф на Канцеларија на СЗО во Северна Македонија, професор д-р Ленче Алексовска Величковска - декан на Факултет за физичка култура, образование, спорт и здравје и професор д-р Јованка Караџинска Бислимовска - претставник од ИМТ. Потоа ќе се одржат презентации на темите „Преглед на моментална состојба со физичка активност во Република Северна Македонија“ и „Придобивки од физичка активност на работно место и добри практики од приватен сектор“.лв/ар/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан