• недела, 22 декември 2024

Предложен притвор за мајка осомничена за семејно насилство врз сопствените деца

Предложен притвор за мајка осомничена за семејно насилство врз сопствените деца

Скопје, 9 мај 2023 (МИА) - Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 34-годишна жена за која постои основано сомнение дека сторила две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената, на 7 мај во вечерните часови, во станот во кој престојувала на улицата „Орце Николов“ во Скопје, при вршење семејно насилство телесно ги повредила своите деца на возраст од 5 и 4 години. Таа ги удирала децата по телата и главите, нанесувајќи им повеќе телесни повреди – хематоми.

-Во конкретниот случај постојат очигледни околности кои на јавниот обвинител му укажуваат дека постои опасност осомничената да се даде во бегство доколку  биде пуштена да се брани од слобода. Со оглед на тоа што присуството на осомничената во оваа фаза oд кривичната постапка не може да се обезбеди со ниту една друга мерка за обезбедување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, наведува Обвинителството. мч/​са/

Остани поврзан