• сабота, 06 јули 2024

Предадена во употреба новата спортска сала на Гимназијата „Јане Сандански“

Предадена во употреба новата спортска сала на Гимназијата „Јане Сандански“

Струмица, 25 декември 2023 (МИА) - Денеска свечено беше предадена во употреба новата спортска сала на Гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица, која е подигната на местото од поранешната изградена пред 40 години.

Новата сала во употреба ја пуштија градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и директорката Невенка Стојанова.

-Посакувам оваа сала да даде уште многу спортски легенди, како што е кошаркарот Владо Илиевски, со кого веќе разговаравме игралиштето на отворено да биде негова донација во знак на благодарност на училиштето, благодарение на кое тој е најголема струмичка и македонска кошаркарска легенда, рече Костадинов.

Додаде дека во Струмица повеќе нема училиште кое не е реконструирано и во градот и во населените места.

Директорката Невенка Стојанова истакна дека досега имало повеќе обиди да се изгради нова сала, но дури сега се решил овој проблем.

-Училиштето имаше свои средства за изградба на салата, но тие не беа доволни без помош од Општината. Резулататот го гледаме денеска, на овој историски ден за нашето училиште, но и за Општина Струмица и сите можеме да се гордееме со тоа, рече директорката Стојанова.

Објектот се состои од два дела. Салата е со димензии 15 на 30 метри, односно 450 метри квадратни, а вториот дел е простор за гардероби, канцеларии за професорите и помошни простории за складирање и чување на реквизитите. Вкупната инвестиција е 20 милиони денари, озбезбедена од Општината и Гимназијата. рт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан