• недела, 22 декември 2024

Преговорите меѓу Израел и Хамас се во застој, изјави катарскиот премиер Ал-Тани

Преговорите меѓу Израел и Хамас се во застој, изјави катарскиот премиер Ал-Тани

Доха, 17 април 2024 (МИА) - Преговорите меѓу Израел и Хамас за обезбедување примирје во Газа и размена на заложници се во застој. Поминуваме низ чувствителна фаза со одреден застој и се обидуваме колку што е можно повеќе да го решиме тоа“,  изјави денеска катарскиот премиер шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани на прес-конференција со романскиот премиер Марсел Чолаку.

Катар, заедно со САД и Египет, е ангажиран во неколкунеделни разговори за да се обезбеди примирје во Газа и ослободување на израелските заложници во замена за палестинските затвореници кои се чуваат во израелските затвори.

Преговарачите се обидуваат „да продолжат напред и да стават крај на страдањата што ги доживуваат луѓето во Газа и да ги вратат заложниците“, рече шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан