• четврток, 19 декември 2024

Прегазена девојка во Струмица, возачот побегнал

Прегазена девојка во Струмица, возачот побегнал
Струмица, 7 април 2021 (МИА) - Вечерва околу 19:40 часот на крстосница на улиците „Ленинова“ со „4 јули“ во центарот на градот, на пешачки премин, автомобил удрил во 21-годишната В.Б. од село Русиново, која престојувала во Струмица. Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека возилото го напуштило местото на несреќата, а девојката е пренесена во струмичката болница. Оттаму заради сериозноста на повредите е префрлена на лекување во Клиничкиот центар во Скопје. Полицијата работи на пронаоѓање на возачот и возилото и расчистување на случајот. рт/сп/

Остани поврзан