• петок, 12 јули 2024

Превентивна акција за важноста од носење кациги од страна на мотоциклисти и велосипедисти во Кавадарци

Превентивна акција за важноста од носење кациги од страна на мотоциклисти и велосипедисти во Кавадарци

Кавадарци, 11 јули 2024 (МИА) - „Ако управуваш со мотоцикл или велосипед со помошен мотор, носи кацига“, беше мотото на синоќешната превентивна акција што се реализираше низ улиците во Кавадарци. Акцијата ја реализираа Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (ОСБСП), ОВР - Кавадарци, инспекторите за превенција, мото-клубот „Тиквеш рајдерс“, РСБСП - Скопје. 

- Од страна на инспекторите за превенција и УПС, беа запирани мотоцикли и мопеди и од членови на ОСБСП - Кавадарци и на мото-клубот „Тиквеш рајдерс“, им беа делени флаери со превентивна содржина, а се извршуваше и краток разговор со возачите, појаснија организаторите на акцијата.

Притоа беше нагласено дека превенцијата е важен сегмент во безбедноста во сообраќајот на патиштата. свд/са/

Фото: Фејсбук на ОСБСП

Остани поврзан