• четврток, 19 декември 2024

Превентивна активност против врсничко насилство во деветтолетките во Дебар

Превентивна активност против врсничко насилство во деветтолетките во Дебар

Дебар, 16 ноември 2023 (МИА) - Во двете општински основни училишта во Дебар „Пенестија“ и „Саит Најдени“ беше реализирана превентивна активност на тема врсничко насилство.

Пред учениците од предметна настава насоки за превенција и други совети дадоа полициски службеници од Секторот за внатрешни работи - Охрид и нивни колеги од дебарското одделение.

Низ интерактивен пристап на учениците од шесто до деветто одделение им беа објаснети појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците и он-лајн насилството, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи. Учениците беа запознаени како треба да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде и со кого да ги споделат тие информации. 

Во рамки на оваа едукативна кампања ќе бидат опфатени и другите основни училишта во Дебарско. 

Во ООУ „Пенестија“, кое е најголемо во поширокиот регион настава на македонски и албански јазик следат 970, додека во ООУ „Саит Најдени“, каде наставата се одвива на албански наставен јазик ја следат околу 500 основци. вт/мд/

Остани поврзан