• петок, 05 декември 2025

Прв Центар за поддршка на ученици со попреченост во Аеродром

Прв Центар за поддршка на ученици со попреченост во Аеродром

Скопје, 6 август 2025 (МИА) - Во рамките на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром ќе се отвори првиот Центар за поддршка на ученици со попреченост, со цел унапредување на инклузивното образование во општината.

Договорот за воспоставување на Центарот денеска го потпишаа в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и директорката на ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, Марија Делетиќ. Центарот ќе обезбеди стручни кадри кои ќе работат со учениците според утврден распоред, а ќе биде достапен за сите основни училишта во општината.

Центарот ќе започне со работа од почетокот на новата учебна година и ќе понуди индивидуализирана поддршка на учениците со попреченост, со што се создаваат подобри можности за нивна вклученост и успех во редовното образование.

Со оваа иницијатива, Општина Аеродром демонстрира јасна посветеност кон создавање инклузивна средина и соработка со релевантните институции за развој на современи образовни практики. дма/

Фото: Општина Аеродром

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан