• среда, 25 декември 2024

Прв пораз за македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2024

Прв пораз за македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2024

Скопје, 9 март 2023 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Португалија со 23:29 (11:14 полувреме).

 

Поразот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за избраниците на селекторот Кирил Лазаров е прв во квалификациската Група-1 за пласман на Европското првенство 2024.

Гостите од Португалија во Скопје дојдоа како фаворити и ја оправдаа таа улога, иако и „црвено-жолтите“ имаа свои моменти па и водство со 20:19 на петнаесетина минути пред крајот.

 

Најефикасни во македонскиот национален тим беа Филип Кузмановски и Мартин Серафимов.  

 

Двете репрезентации в недела во Порто ќе го одиграат уште еден натпревар.

 

Португалците се први на табелата со максимални шест бода, Македонците имаат четири на втората позиција, Турција е трета со два бода, последен е Луксембург без освоен бод. зс/

 

Фото: МИА

Остани поврзан