• петок, 22 ноември 2024

Прв информативен караван „АП поблиску до корисниците на поштенските услуги“

Прв информативен караван „АП поблиску до корисниците на поштенските услуги“

Скопје, 27 март 2024 (МИА) -  Агенцијата за пошти во соработка со Канцеларијата на Народниот правобранител ќе спроведе прв информативен караван „АП поблиску до корисниците на поштенските услуги“. Активноста ќе се реализира во две фази со пролетен и есенски караван.

Пролетниот караван ќе се спроведе утре и задутре и ќе опфати четири едукативни средби со граѓаните, студентите и претставници од бизнис-секторот, во градовите Тетово, Кичево, Охрид и Битола.

-На овие средби, ќе бидат презентирани и надлежностите на Агенцијата за пошти, а главен акцент ќе се стави на информирање на јавноста за остварување на законските права на корисниците, нивните обврски како и обврските на давателите на поштенските услуги. На посетителите ќе им се даде можност да поставуваат прашања поврзани со обезбедувањето на услугите како и да информираат за евентуални забелешки поврзани со доставата, најавуваат од Агенцијата за пошти. лв/мд/

Остани поврзан