• петок, 22 ноември 2024

Првото бебе родено во 2022 во Прилеп е женско, од градот доби подароци

Првото бебе родено во 2022 во Прилеп е женско, од градот доби подароци

Прилеп, 1 јануари 2022 (МИА) - Првото новородено бебе во Новата 2022 година во Прилеп е женско дете, второ на среќната мајка Ивона Смилеска. Првото бебе се роди речиси еден час по полноќ на Одделението за гинекологија и акушерство при прилепската Општа болница со проширена надлежност.

- Многу сум среќна и благодарна од тимот на целата болница, посебно од докторката Изабела, пресреќна сум што на ваков ден добив втора ќеркичка, рече мајката Ивона.

Неонатологот Лилјана Христоска нагласи дека детето е здраво и во општа добра состојба.

 - Првороденото бебе женско е здраво,  3 килограми тешко и 47 сантиметри долго. Се наоѓа во општа добра состојба. изјави Христоска.

Доктор Изабела Чочева-Талеска, гинеколог, честитајќи новогодишните празници истакна дека во Новата година на свет донесле живи и здрави две женски деца а третото било на пат.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески ги посети мајката и бебето и им посака здравје во Новата Година. Од името на Ппштина Прилеп им подари штедна книшка со 15.000 денари и други пригодни подароци за бебето.ем/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан