• среда, 24 јули 2024

Првоосомничениот за убиството на ракометарот Тот однесен во КПУ Затвор Скопје

Првоосомничениот за убиството на ракометарот Тот однесен во КПУ Затвор Скопје
Скопје, 13 април 2022 (МИА) - Првоосомничениот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот ноќеска околу 2 часот бил спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на притворот од 30 дена.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека 28-годишниот А.Ѓ. ноќеска е приведен на територија на населба Аеродром.
- По преземени интезнивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, лицето околу 01.20 часот се предало на полициски службеници од Оперативен тим Потраги на подрачје на нас. Аеродром, информира МВР.
Покрај А.Ѓ, приведени се и одреден им е 30-дневен притвор и на 19-годишната К.Л. и 22-годишниот А.К. Тие се осомничени дека го претепале хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Централ парк“ во Скопје кој почина на скопските клиники. бак/

Остани поврзан