Првомајски пикник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Градскиот парк во Скопје
- СООПШТЕНИЕ - Тој истакна дека СДСМ е силна партија и денешниот Ден на трудот треба да биде дополнителна мотивација за поголемо заедништво во пресрет на денот на изборите на 8 – мај и продолжување на битката за европска Македонија.
1 мај 2024
„Гласот за број еден, за СДСМ и Коалицијата за европска иднина, е глас за поголеми плати и унапредени работнички права. Седум години градиме економска атмосфера на постојан раст на платите, да не дозволиме ова да биде загрозено - работниците и работничките тоа не го заслужуваат“, им порача на сопартијците Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници во Изборна единица 2, на денешниот Првомајски пикник кој беше организиран од партијата во Градскиот парк во Скопје.
„Двојно ја зголемивме просечната плата од 2016 година, денес таа изнесува речиси 40.000 денари. Минималната плата не ја оставивме на егзистенцијалниот минимум, на кој ја затекнавме во 2016, кога изнесуваше 10.000 денари, сега таа изнесува 22.500 денари. Знаеме дека треба уште повеќе, затоа ветуваме просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра во наредните четири години. Ова е добриот глас кој треба да го ширите до секој човек, во секое село и град“, порача до членовите на СДСМ потпретседателот Битиќи.
Тој истакна дека СДСМ е силна партија и денешниот Ден на трудот треба да биде дополнителна мотивација за поголемо заедништво во пресрет на денот на изборите на 8 – мај и продолжување на битката за европска Македонија.
„Не смееме да се откажеме, социјалдемократијата не обврзува да водиме грижа за секое работно место, за достоинствена плата. Никој друг, само ние, социјалдемократите можеме тоа да го понудиме на граѓаните со програмата каде работникот е на прво место. Никој да не биде изоставен од економските успеси, што значи повисоки плати и пензии, поголема куповна моќ и подобар квалитет на животот. Ќе се погрижиме секое домаќинство да ужива во сигурна финансиска иднина, со поголем пристап до услуги и можности“, рече Битиќи.
Потпретседателот на партијата посочи дека СДСМ е партија која се води од социјална правда, еднаквост и солидарност и секогаш е на страната на работниците, го почитува и вреднува нивниот труд.
СДСМ и Коалиција за европска иднина
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.