• среда, 03 јули 2024

Првиот социјален сервис провајдер од Делчево најавува проширување на услугите на регионално ниво

Првиот социјален сервис провајдер од Делчево најавува проширување на услугите на регионално ниво

Делчево, 24 август 2023 (МИА) - Првиот социјален сервис провајдер Бравура Кооператива кој делува на територијата на Општина Делчево ги разгледува можностите за проширување на обемот на работа на регионално ниво. За таа цел денес се одржа и вториот состанок, кој имаше за цел разгледување на можностите за развивање на нов концепт и нова стратегија. Целта како што додаде Александар Николов од Бравура Кооператива е првиот социјален сервис провајдер да биде една од поорганизираните структурно поставени организации и да одговори на поставените задачи и потребите онаму каде истите ги испорачува.

-Бравура кооператива во последните 5 години е со поширок опфат на работа и со појак интензитет што на некој начин не обврзува да работиме на потикнување на нејзината евалуација, односно апдејтирање на нејзината содржина. Потребата од промената односно потребата од унапредување или поставување на самата организација во една институционална рамка значи чекор повеќе, бидејки самата организација носи институционални карактеристики, а тоа подразбира и поголеми одговорни и еден оперативен дел. Тоа значи дека влегуваме во еден систем на државните апарати и затоа мораме да ги зајакнеме нашите капацитети од страна на човечки ресурси,  мора да одговориме на административното работење и мораме да се доближиме во тој институционален контекст, рече Николов.

Активностите како што додаде се реализираат како дел од СМАРТ Балкан програмата кои според него ја препознале потреба од јакнење на  капацитетите на Бравура Кооператива давајки поддршка да се оформи согласно нејзините потенцијали и капацитети и согласно нејзините потреби.

-Во моментот Бравура има и 16 редовно вработени лица што претставува една бројка кои лица мора да ги зајакнат своите капацитети и од друга страна да ги доближат сите потребни процедури согласно законите и институциите на системот. Токму од таа причина денес со нас е експерт во областа на стратешко планирање и организациски развој кој што во работна група со персоналот го споделува неговото искуство, секако сето тоа за наше добро. Вториот дел од програмата ќе се движи во Регионален контекст, значи Бравура не останува на Локално Ниво, туку ги шири своите мисии во регионален контекст заедно со креирање на нова мрежа, што е една од следните теми на разговор, додаде Николов.

Во рамки на денешниот настан учествуваше и консултантот Боби Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, кој истакна дека е од огромна важност реализацијата на стратешкиот план на Бравура Кооператива.

-Идејата на подготовката за нивните следни активности е да видиме до каде е Бравура досега, но и како ќе се движи организацијата која работи со социјални услуги. Имаат потенцијал да се шират и понатаму, имаат одличен тим и затоа сум тука да можам да помогнам  за да се унапреди нивната работа, се со цел нивните корисници да добијат што поквалитетна услуга, рече Шарковски.

Бравура Кооператива последните активности ги реализира преку СМАРТ Балкан, граѓанско Општество за поврзан Западен Балкан. Проектот е што е имплементиран од центарот за промоција на Цивилно друштво  Центарот за истражување и креирање на политики, Институтот за демократија и медиуми, а целосно финансиран и поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. вс/мч/

фото: МИА

Остани поврзан