• сабота, 12 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Прва официјална посета на претседателката на словенечкиот Државен збор Клакочар Зупанчиќ на земјава

Прва официјална посета на претседателката на словенечкиот Државен збор Клакочар Зупанчиќ на земјава

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - Претседателката на Државниот збор на Република Словенија Уршка Клакочар Зупанчиќ во среда и во четврток ќе престојува во прва официјална посета на Северна Македонија. 

Словенечката претседателката на Парламентот во среда попладне ќе биде пречекана од претседателот на македонското Собрание Африм Гаши со церемонија на свечен пречек со високи државни и воени почести. Потоа тие двајцата ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува средба на двете делегации. 

Потоа претседателите на двата парламенти ќе дадат изјави за медиумиоте. 

Во четврток, претседателка на Државниот збор на Словенија, Клакочар Зупанчиќ, во Собранието ќе има средба со претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на РСМ со Антонијо Милошоски и со членовите на групата.   

Генералната секретарка на Собранието Марина Димовска, пак, ќе оствари средба со генерална секретарка на словенечкиот Државен збор Уршула Зоре Тавчар.  

За време на официјалната посета Клакочар Зупанчиќ ќе биде примена од претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова и од премиерот Христијан Мицкоски. ев/нд/

Фото: Свобода 

 

 

Остани поврзан