• вторник, 13 јануари 2026

Прва крводарителска акција во Горно Јабочиште, Општина Чашка

Прва крводарителска акција во Горно Јабочиште, Општина Чашка

Велес, 29 декември 2025 (МИА) - На крводарителска акција што се одржа во селото Горно Јаболчиште, во Општина Чашка, беа собрани 20 крвни единици, при што 13 лица за првпат даруваа крв и се приклучија кон хуманото друштво на крводарители.

Како што информира за МИА секретарот на Општинската организација на Црвен крст Велес, Орце Николов, ова е првата крводарителска акција што се одржала во ова населено место, а воедно и последна активност од ваков вид на ООЦК Велес во 2025 година.

-Сега и официјално жителите од Горно Јаболчиште ги впишавме на мапата на крводарители. На акцијата даруваа 20 лица, од кои 13 за првпат, изјави Николов.

Меѓу крводарителите бил и актуелниот градоначалник на Општина Чашка, Суат Шаќиров, кој со својот пример ја поддржа хуманата акција.

Крводарителската акција беше заеднички организирана од Општинската организација на Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, со поддршка од Општина Чашка и ООУ „Лирија“. Во реализацијата учествуваа и тројца волонтери од Црвениот крст.

Општинската организација на Црвен крст Велес во текот на 2025 година реализирала вкупно 31 крводарителска акција, а првата акција за 2026 година е планирана околу 20 јануари. ад/дма/

 

Фото: Општински Црвен крст Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан