• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Прва конференција на медицински сестри од Југоисточна Европа „Патот за автономија на сестринството“

Прва конференција на медицински сестри од Југоисточна Европа „Патот за автономија на сестринството“

Скопје, 5 април 2025 (МИА) - Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) - ЗА НАС денеска ја организира Првата конференција на медицински сестри од Југоисточна Европа „Патот за автономија на сестринството“.

-Конференцијата ќе биде посветена на важни аспекти кои ја дефинираат автономијата и напредокот на сестринството во современото здравство. Тема на конференцијата е „Патот за автономија на сестринството“, која ќе опфаќа клучни прашања како што се: законодавството, образованието и кариерниот развој на медицинските сестри, лиценцирањето и одговорноста, професионалниот авторитет и миграцијата на медицински кадар, информираат организаторите.

На конференцијата ќе присуствуваат делегации од земјите на Југоисточна Европа, вклучувајќи ги Турција, Албанија, Република Српска, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција, кои ќе бидат дел од дискусиите и размената на искуства. сст/аа/

Фото ЗМСТАС

Остани поврзан