• сабота, 23 ноември 2024

Прва конференција за спортска дипломатија како алатка за меѓународна промоција на малите нации

Прва конференција за спортска дипломатија како алатка за меѓународна промоција на малите нации

Крива Паланка, 9 оемвцри 2021 (МИА) - Во Европска куќа, Скопје денеска се одржа првата конференција за Спортска дилпоматија во нашата земја, која ги претстави придобивките од спортот во областа на спортската дипломатија и спортот како алатка за меѓународна промоција на малите нации.

Настанот го организираше невладината организација ТАКТ“„ како дел од  проектот „Промовирање стратешки пристап кон спортската дипломатија на ЕУ“ поддржан од Програмата Еразмус + на Европската комисија. На конференцијата беа истакнати придобивките на програмата спорт за развој во Западен Балкан, која во Северна Македонија започна со вклучување на Општината Крива Паланка.

-Оваа конференција е уште еден потсетник за неверојатната моќ на спортот да ги зближи луѓето, нациите и заедниците преку спорт и игра. Ние како организација бевме сведоци на моќта на спортот да ги надмине географските граници и општествените класи, па затоа го препознаваме спортот како инструмент за промовирање на мирот и меѓукултурниот дијалог. Нашите програми се потпираат на спортот и играта за да ја промовираат социјалната интеграција и економскиот развој во различни географски и политички контексти. Во рамките на нашите спортски програми ги зајакнавме социјалните врски и мрежи и ги промовиравме идеалите за мир, вклученост, солидарност, ненасилство, толеранција и правда, изјави Магдалена Спасовска, претседателка на ТАКТ.

На конференцијата учествуваа повеќе истакнати експерти во полето на спортска дипломатија меѓу кои професорите: Ричард Париш од Еџ Хил универзитетот во Велика Британија, Симон Рофе, Гевин Прајс експерт за спортска дипломатија од Алијанса за спортска дипломатија, Велика Британија, а говореа и истакнати спортски работници, Даниел Димевски, претседател на Македонски олимписки комитет, Аднан Ахмети од Косовскиот спортски институт, интранационалната фудбалска судика, Ива Пројковска и експертката за спорт за развој, Надица Јовановиќ.

Проектот „Промовирање стратешки пристап кон спортската дипломатија на ЕУ“ ТАКТ го имплементира во партнерство со британскиот Универзитет „Еџ Хил“ како водечки партнер. ид/вг/

Остани поврзан