Правото на храна во Европа и Централна Азија: Повик за поголеми заложби
- СООПШТЕНИЕ: Секое спроведување во изминатите две децении, без разлика колку било мало, придонесе за прогресивно остварување на правото на храна, без оглед на тоа кој го иницирал и кога се случило. Реално, сите засегнати страни, вклучително и владите во Европа и Централна Азија, следеа голем број од овие упатства кои имаат за цел да обезбедат достапност, пристапност, соодветност и адекватност на храната. Примери за вакви акции вклучуваат субвенции за земјоделците, бонови за храна, програми за исхрана во училиштата, стандарди за безбедност на храната, промоција на одржливо земјоделство, имплементација на GLOBAL G.A.P. стандардите за безбедни и одговорни производствени процеси во земјоделството, како и бројни локални иницијативи од граѓански организации за адресирање на предизвиците со обезбеденост со храна, како што се банки за храна, општествени градини и програми за едукација за исхрана. Иако ефективноста на овие активности може да варира, тие колективно придонесуваат за прогресивно остварување на правото на храна во регионот. Секоја инцијатива има значаен придонес.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.