• петок, 22 ноември 2024

Правилото за офсајд може да се смени во 2025 година

Правилото за офсајд може да се смени во 2025 година

Цирих, 20 март 2024 (МИА) - Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (IFAB) може да ги промени правилата за одредување офсајд, пренесува „Marca“.

Според новите правила, офсајд позиција ќе се запише само доколку играч на екипата која е во напад со цело тело е пред последниот играч на противникот. 

Иницијатор за промените беше поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер.

Правилото се тестира од ноември 2023 година на младинските турнири во Италија и Шведска. Успехот на експериментот ќе се процени не порано од февруари 2025 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан